Актерката Оливија Вајлд и нејзиното момче Џејсон Судеикис беа „уловени“ од папараците за време на одмор на плажа во Мауи.
Двајцата разменија неколку страсни бакнежи во водата пред да се фатат за рака и да се прошетаат по плажите. Она што мора да се признае е дека ѕвездата од „Доктор Хаус” има совршено обликувано тело.
Благодарение на формата актерката се најде на прво место, на светска ранг-листа за најдобро тело на плажа.