Актерот веќе некое време има повеќе килограми, но со густата брада го криеше подбрадокот. На Филмскиот фестивал во Кан одлучи да се избричи и да ги открие мааните.
Филмовите „Брзина“ и „Матрикс“ не навикнаа да зборуваме за Киану Ривс (48) дека е згоден фраер за кого жените полудуваат. Сепак, помина многу време откако Киану снимил таков филм па во склад со тоа го смени и имиџот.
Ривс сега „негува“ подбрадок и стомак. Видно здебелен за Филмскиот фестивал во Кан актерот се појави во комотни фармерки и ленено сако. Додека слегуваше од јахтата не можеше, а да не се забележат вишокот килограми на него.