Видео од апсењето на Рис Витерспун

Веста за апсењето на Рис Витерспун пред неколку дена ги освои насловните страници ширум светот. Она што е новитет, е фактот што сега се појави и снимката од приведувањето.

Додека Рис и нејзиниот сопруг Џим Тот се враќале од ресторан, ги застанал полицаец кој забележал дека возат во спротивна насока. Тој подоцна увидел дека двајцата се наоѓаат во алкохолизирана состојба, па ги замолил да излезат од возилото.

„Знаеш ти која сум јас? Наскоро ќе дознаеш и ќе бидеш на сите вести!“ се заканувала актерката на полицаецот.

Витерспун подоцна изјавила дека се кае за нејзините постапки, а еве го и видеото на кое може да се види целиот инцидент.

http://youtu.be/LPN8PKlS-N8

- Реклама -