Што е тоа на грбот на Џенифер Анистон?

Понеделникот вечерта беше голема ноќ за Џенифер Анистон. Имено, се случуваше премиерата на филмот „ Call Me Crazy“ на кој таа застана зад режисерската палка. Како и да е, веројатно ниту самата немаше забележано дека толку отворена маичка и високо собрана коса не беше правилниот избор во моментот. Имено 44-годишната актерка ги покажа „остатоците“ од неодамнешниот третман со чаши. Џенифер  веќе шест години редовно ја користи оваа азиска вештина која помага во циркулацијата. Ефектот, односно кгуговите, се видливи на кожата во наредните три до седум дена. Сепак, се чини дека актерката малку задоцнила со третманот, или пак не очекувала блицовите од папарацо-фотографите до толку да ги истакнат.

- Реклама -