Ги гледаме со години на ТВ екраните и тие се секогаш исти.
Сепак, уметникот Ендрју Тарусов реши да им даде нова човечка димензија и да ги прикаже остарени.
Мики Маус е создаден во 1928 година и во моментов има 87 години. Тој е прикажан од Ендрју Тарусов како медиумски магнат.
Том и Џери се нацртани во 1940 година, па славните телевизиски непријатели веќе имаат 75 години, а последователно се здобиле со разни здравствени проблеми.
Ендрју Тарусов потекнува од Русија, но долги години живее во Лос Анџелес, Калифорнија, каде што работи како илустратор и аниматор. Сака да црта стрипови, pin-up календари и да создава илустрации.
Да погледнеме што прават и останатите херои од нашето детство.