365 доби ново руво

Корисни содржини и визуелно уживање.

Информација и забава, без дневна политика.

Многу уникатни статии и уште повеќе изненадувања…

Поради потребата и задоволството да ја унапредиме брзината и да ја подобриме прегледноста на сајтот, денес со голем мерак ви го претставуваме нашиот нов дизајн. За почеток ја определивме целта дека она што го создаваме треба да биде минималистички, естетски и лесно достапно за сите вас кои секојдневно нè читате, а потоа се зафативме со избор на содржини што нема да ја навредат вашата интелигенција.

Филм, урбана уметност, култура, корисни совети за здравјето и уредувањето на домот, спорт, креативни идеи, занимлива наука и технологија, „Скопиш“, хумор, видеа и многу забава… Како едни од лидерите во електронското новинарство и бренд кој се негува уште од 2006 година, 365 го збогативме со многу уникатни информации и огромен спектар од категории.

Ако ви звучи интересно, ве примаме во наше друштво. Испијте го заедно со нас првото кафе и информирајте се на вистинското место. Го прогласуваме новото руво на 365 за свечено отворено 🙂

Mid-Sussex-is-Open-4-Business-in-2015

- Реклама -