Започнува Евровизија: Кајмакоски зачекори по црвениот килим во Виена

Со свечено дефиле по црвениот килим, синоќа беше отворено 60-то издание на најголемиот натпревар за музичката европска сцена – Евровизија, што годинава се одржува во срцето на Австрија, Виена.

Даниел Кајмакоски свечено се појави на големиот црвен килим, меѓу репортерите од Европа и фановите кои ги пречекаа своите фаворити.

k2

Нашиот претставник ќе настапи утре (19.05), на првата полуфинална вечер, со песната „Лисја есенски“ и реден број осум.

Кајмакоски ќе пее на англиски јазик.

kilim

За оние кои ја пропуштија пробата, ви нудиме уште една можност да видите како ќе изгледа евровизискиот настап на Даниел Кајмакоски.

Прочитај повеќе: Вака ќе изгледа евровизискиот настап на Даниел

- Реклама -