Во шестата деценија актерката изгледа подобро од било кога

Со цел да го прослави своето режисерско деби, таа се појави во издание какво што немаме често прилика да ја видиме.
Ѕвездата од серијата „Пријатели“ Кортни Кокс, во вторникот го прослави своето прво режисерско деби со филмот „Just Before I Go”.

Актерката за оваа свеченост одбрала краток, црвен фустан кој ги истакнува нејзините облини. А поради големиот отвор дојде до израз и нејзиното деколте.

Актерката со својот изглед ги воодушевила сите присутни, бидејќи иако има педесет години изгледа многу помладо.

Најгорд беше нејзиниот вереник Џони Мејдејд (38), кој цело време ѝ давал поддршка.

Интересно е што на премиерата присуствувал и актерот, Дејвид Аркет, поранешниот сопруг на Кортни, кој дојде во придружба на сегашната сопруга Кристин Меклерти.

Кортни и Дејвид останале во добри односи најмногу поради нивната ќерка Коко (10).

- Реклама -