На премиерата на филмот, фотографите ги заборавија славните актери и целото внимание и го посветија на оваа девојка.
Нејзиното име е Клео Ватенстром, шведска „тату“ уметница и повремена манекенка, која се прошета на црвениот килим на премиерата на филмот „Run all night“.
Иако на црвениот килим беа и Лиам Нисон, Ед Харис, Винсент Д’Онорио, Комон и други, сите очи беа вперени во убавата Клео и нејзиното длабоко деколте, кое откриваше кожа прекриена со тетоважи.
Клео е девојка на актерот Џоел Кинаман, кој исто игра во овој филм за мафијаш кој во текот на една ноќ мора да донесе одлука, што ќе влијае на понатамошниот негов живот.