Нема кој не се сврте по заводничката во црвениот фустан!

Дека ги наследила добрите гени, Кејт го покажа тоа во Париз на ревијата на која се појавила со својата уште попозната мајка.
Актерката Голди Хоун во своето време беше вистинска секс бомба, а и денес на 69 години изгледа подеднакво привлечно. Изгледа дека и нејзината ќерка Кејт Хадсон ги собрала најдобрите гени, а на Версаче ревијата во Париз била вистинска визија во црвено.

Screenshot_4 Screenshot_5

Позирала покрај дизајнерката Донатела Версаче, а нејзината славна мајка гордо ја покажувала својата ќерка и фустанот со разголена позадина.

Screenshot_7 Screenshot_6

35-годишната мајка на две деца неодамна ја прекина врската со фронтменот на груапта „Muse“, но веќе се шушка дека е во врска со пејачот Дерек Хоуг. На неодамнешните доделувања на Златен глобус, исто така носеше секси бел Версаче фустан, а овој пат сите ги зашемети во црвен „скокотлив“ фустан!

Screenshot_8

 

Едвај чекаме да го видиме нејзиниот моден избор на најголемото модно шоу- Оскарите.

 

- Реклама -