Се чини дека се поприфатлива и вообичаена практика стана појавата на таканаречените „голи“ фустани на свечените пригоди. Иако многумина ја осудија Ријана за воведувањето на овој, според многумина, претерано секси тренд, сепак, вистината е дека за ваквиот моден избор се одлучиле уште многу ѕвезди низ годините наназад. Во продолжение ви ја прикажуваме еволуцијата на проѕирните фустани, и познатите дами кои се одлучиле да зачекорат во нив.