Лос Анџелес е полн со познати личности, а сите се собраа со една цел- за да оддадат почит.
LACMA Уметничката гала вечера се одржа во неделата навечер во чест на режисерот Квентин Тарантино и Барбара Кругер. Свеченоста во Лос Анџелес не ја пропуштиле мнгоу познати личности, а тоа била и прилика да ги покажат и своите гламурозни тоалети.
Сопружниците на славните убавици, своите сакани не ги испуштале од рака, па толку гордо позирале покрај нив пред насобраните фотографии. Така 41-годишната Кејт Хадсон сјаела како грчка божица, а нејзиниот драг Мет Белами, инаку фронтмен на групата MUse, бил нејзината поддршка.
И Ким Кардашиан и нејзиниот драг Канје Вест не го пропуштиле овој настан. Познатиот рапер не го тргал погледот од својата сопруга, а Ким само се смешкала и заводливо позирала. Иако овој пат не воодушевила со модната комбинација, за неа повторно се зборувало.
Затоа пак, со својот свечен изглед воодушевила мексиканската убавица, 48-годишната Селма Хајек. Нејзиниот сопруг знае дека покрај себе има вистинско богатство.
На забавата биле и Гарет Хедлунд и Кристен Даст, Ренди Гербер и Синди Крафорд, како и Џенифер Лопез, Селена Гомез, Кара Делевин, Ејми Адамс, Деми Мур и многу други. Погледнете ги сите во нашата галерија.