Тие деновиве беа сликани забавувајќи се во бикини на јахта.
Но Селена Гомез и нејзината нова најдобра пријателка Кара Делевинг покажаа дека изгледаат одлично во се што носат.
Тазе 22-годишната пејачка и 21-годишната модел на Викторија Сикрет ги вртеа главите на присутните кога се појавија на гала Фондацијата на Леонардо ди Каприо во Сен Тропе, Франција.
Селена блесна во темно бронзен долг фустан, додека Кара изгледала софистицирано во бел костум со црни акценти за овој настан.
Ѕвездата од Титаник ја имал собрано во реп неговата долга руса коса, со опуштен имиџ со брада и елегантен син костим.
Леонардо се посветил во помагање со прашањата за животната средина со релевантни причини на глобално ниво, по пат на The Leonardo DiCaprio Foundation.
Настанот- кој е прв од ваков вид- се одржал во винариајта Domain Bertraud Belieu, и ќе собере средства за да помогне во заштитата на последните преостанати дивите предели на земјата.
Девојката на Лео, Тони Гарн се појави во зелен вечерен фустан и изгелда неверојатно привлечно.
Добротворниот настан бил посетен од листа на гости вклучувајќи ги Џеред Лето, Марион Котилард, Дејзи Лоу, Робин Тике, Џоан Колинс, Боно, Џулиан Ленон и многу други.