Иако во последно време честопати ја гледаме во политички расправии и пред канцелариите на UN, Џоли заблеска на црвениот килим.
Во новиот филм на Disney, Маleficent таа глуми зловна вештерка која фрла клетва, но во вистинскиот живот таа е далеку од злобна.
Џоли се појави на премиерата во Париз, каде позираше со младaта актерка Elle Fanning.
Анџелина изгледа одлично расположена, а носи едноставен црн фустан кој и прилега одлично.