Од Сара Џесика Паркер до Никол Кидман и Мишел Обама, сите познати ѕвезди ги сакаа дизајните на Л’Врен Скот кои беа неверојатно секси, софистицирани и исклучителни дизајни.
Модната дизајнерка Л’Врен Скот ќе биде запаметена по нејзиниот безвременски стил и рaзновидни колекции.
Работата на 49-годишниот поранешен модел беше сакана и почитувана од многу познати личности кои сакаа да одат по црвениот тепих во нејзините ласкави дизајни. Многумина од нив и јавно ги истакнале своите пофалби за дизајнерката и ја промовирале нејзината облека која го поттикнувала нивниот сексапил.
„Л’Врен и јас сме пријателки со години“, изјавила Никол Кидман во 2011 година. „Таа знае кои аспекти во една жена да ги истакне, и способна е да те направи да се чуствуваш неверојатно секси и софистицирано која носите некои од нејзините исклучителни дизајни“.
Родена во Јута како Лаура Барнброут, по нејзината успешна кариера во манекенството, подоцна се преселила во Лос Анџелес да работи како стилист, работејќи во модни рекламни кампањи и како костимограф.
На крајот на минатата година таа започна соработка со брендот Банана Републик, во која беше дел од моделите во рекламите.
Сепак, таа беше принудена да се откаже од нејзиното шоу во Лондонската модна недела во февруари за да ја открие нејзината есен/зима 14 колекција поради некои проблеми во производството.