Ели Гоулдинг заблеска како вистинска принцеза на црвениот тепих за доделувањето на овогодинешните Brit Awards.
Оваа русокоса е добитничка на наградата за Најдобара британска пејачка, и овој пат беше изоставен нејзиниот секси стил и го замени со бело-розев фустан на Вивиен Вествуд.
Ели исто така настапи на сцената, и таа беше една од првите кои се појавија во лондонската О2 Арена.
Лили Ален, исто така, присуствуваше на Brit Awards, а беше облечена во припиен сјаен фустан и со жолти екстензии на косата.
Никол Шерцингер се определила за црни панталони и златни високи потпетици, додека Рита Ора дојде во придружба со својот дечко Калвин Харис и го привлече вниманието со ќолт Прада фустан со примамливо деколте.
Џеси Џеј беше една од номинираните и присутните, а вистинско изненадување на црвениот тепих беше Дани Миног која дојде во придружба со својата сестра Кајли Миног.
Бој Џорџ се појави со лажна модринка околу очите, и вели дека таа е тука бидејќи тој е „жртва на модата“.
На црвениот тепих вистинско одушевување предизвикаа момците од One Direction.
Водителот Џејмс Корден беше забавен домаќин, а настапи имаа и Бијонсе, Фарел Вилијамс, Лорди, Arctic Monkeys, Бруно Марс и многу други.