Февруари е месец полн со социјални настани кои големите ѕвезди никако не ги пропуштаат. Многу познати дами се собраа за Elle Style наградите.
Кејти Пери има многу причини за славење. Нејзиниот албум ‘Prims’ ги освои обожавателите, во среќна врска е со Џон Мајер, а сега е и прогласена за жена на годината на доделувањето на Elle Style наградите!
Кејти блескаше во фустан кој ја нагласуваше нејзината линија, а ја покажа и својата нова фризура- кратка коса со шишки.
И многу други познати ѕвезди се појавија на црвениот тепих. Меѓу нив е и пејачката Кајли Миног која на својот Твитер профил објавила слика со добитничката на годината.