На отворањето на Venice Film Festival присуствуваа Сандра Булок и Џорџ Клуни за да го промовираат нивниот филм „Gravity“.
На црвениот килим во Palazzo del Cinema двајцата холивудски актери се појавија во стајлинзи на кои не може да им се најде грешка. 49-годишната актерка се појави во долг црвен, оригами, фустан со црни аксесоари.
Џорџ Клуни беше нејзин достоен придружник. Облечен во црн смокинг изгледаше елегантно како и секогаш. Двајцата беа совршен спој и пример како треба да изгледа една ѕвезда на црвениот килим.