На вчерашната премиера на најновиот фил на Бред Пит, „World War Z“ во Токио, згодниот актер се појави во придружба на неговата свршеница Анџелина Џоли.
38-годишната актерка носеше долг црн фустан со потписот на Saint Laurent, а Бред Пит се одлучи за кошула и панталони, исто така, во црна боја. За некои, двојката изгледаше здодевно во овие комбинации, за некои гламурозно, зошто нели – со црната боја нема грешка. Вам како ви се допаѓа?