Младата актерка Кристен Стјуарт е позната по нејзините необични модни комбинации.
23-годишната ѕвезда вчера присуствуваше на ревијата на Зухаир Мурад на модната недела во Париз. За оваа пригода таа се одлучила за негова креација – топ и чипкасти тесни панталони. Изгледот го надополнила со фатена коса на едната страна. Кристен на ревијата пристигнала во рамни чевли, а штиклите ги обула пред шоуто.
Чипкастите панталони ги поделија мислењата на нејзините обожаватели на социјалните мрежи. Вие што мислите – дали овој стајлинг е погодог или грешка?