Анџелина Џоли не ја тргна насмевката од лицето додека на црвениот килим го придружуваше Бред Пит за премиерата на неговиот нов филм „World War Z“ во Берлин.
Освен заради неверојатната поддршка која и ја искажа нејзиниот љубен после двојната маскетомија, Анџелина Џоли во средата имаше дополнителна причина за славење – нејзиниот 38 роденден.
Премиерата во Берлин беше трето заедничко појавување на црвениот килим на двојката, откога Џоли во мај објави дека направила операција, а за оваа прилика таа се одлучи за елегантен бел фустан со голи рамена од “Ralph & Russo”.
Нејзиното прво појавување беше во неделата на лондонската премиера на филмот каде се појави во елегантен црн фустан, а во понеделникот прошетаа по парискиот црвен килим каде двајцата се појавија во црни одела.