Неколку недели откако објави дека направила двојна мастектомија Анџелина Џоли за прв пат се појави во јавност и тоа на црвениот килим на премиерата на филмот „World War Z“ во кој глуми нејзиниот сопруг Бред Пит.
Премиерата се одржа во Лондон, а Џоли се појави во црн долг фустан со потписот на Saint Laurent.
„Се чувствувам прекрасно и многу сум му благодарна на Бред за целата поддршка. Беше неверојатен, просто неверојатен. Тој е прекрасен маж и татко и многу сум среќна. Задоволна сум што сега се зборува повеќе за здравјето на жените“, рекла славната актерка.
Холивудската актерка пред две недели соопшти дека ги отстранила двете дојки откако открила дека има наследна мутација на ген поради кој и е зголемен ризикот да заболи од рак на дојките и јајниците.
Мајка ѝ на Џоли, Марчелин Бертан, починала од рак на јаниците на 56 годишна возраст, а тетка ѝ на актерката починала минатиот месец од рак на дојка.