Ова е накитот кој сите сакаат да го носат

Најголемите светски актерки овие денови промовирајќи се на филмскиот фестивал во Кан, го покажаа најдоброто од себе, во секој поглед. Освен раскошните фустани , накитот годинава се покажа како хит. 

Сензација беше Џесика Бел, која овие денови на црвениот тепих се појави со метална змија околу вратот, со тоа што влекачот го допираше нејзиното деколте.

Кога ја воочивме змијата и на грбот на Шерон Стоун, а потоа и кај Џесика Честејн, веќе се стана јасно: имаме нов хит на сезоната, кој доаѓа од светот на модните додатоци.

Му се допаѓало тоа некому или не, змиите се интригантни, ја одржуваат напнатоста која очигледно сакаат да ја имаат најславните жени во светот. Би сакале ли да се „фрлите“ на заведување, со еден таков примерок?

 

- Реклама -