Своевидната генерална проба на најочекуваниот црвен килим се одржа во Беверли Хилс каде актерките на вечерата на која беа најавени номинираните за Оскар покажаа изданија во кои преовладуваше заедничка модна нота – онаа во која малку е повеќе.
До доделувањето на Оскарите има уште три недели и како што со нетрпение се очекуваат наградите за филмските остварувања, се очекуваат и тоалетите во кои ќе заблескаат актерките на црвениот килим.
На пробната вечера преовладуваа едноставни фустани во црна, бела и сива боја и потпетици без впечатливи бои и дезени.