Тејлор Свифт неодолива на „NRJ Music Awards“

taylor-swift-nrj-music-awards-012613-8-580x435Средбата со поранешното момче пред настап сигурно не е лесно. Сепак, Тајлор го поднесе притисокот како вистинска професионалка. Како да сакаше да му посака: гледај и пати!

За доделувањети на „NRJ Music Awards“ беше доста интересно, посебно кога станува збор за неодамнешниот пар, популарната пејачка Тејлор Свифт и членот на популарниот бој бенд на One Direction, Хари Стајл.

Поп кантри пејачката се осигура дека ќе биде забележана во нејзиниот секси златен фустан кој им даде акцент на нејзините долги и витки нозе, а не беше изоставено ниту длабокото деколте кое во последно време се почесто го практикува. Тејлор на црвениот тепих изгледаше неодоливо, а остана отворено прашањето дали стиховите кои ги пееше додека настапуваше („никогаш повеќе нема да сме заедно“), беа наменети за Хари Стајлс кој седеше во публиката.

Иако ѕвездата нема многу среќа во љубовта, сепак, мора да се признае дека задоволителна утеха и се милионите кои и пристигнуваат сметка после секој изваден хит инспириран од разочарувачките искуства. Освен тоа, Тејлор со секој изминат ден изгледа се подобро и подобро. Од тинејџерска ѕвезда стана вистинска заводничка.

- Реклама -