Фичо ќе направи лесен ручек, раженчиња со ролнички од пилешко месо тиквички и фил, во комбинација со сос од мајонез.
Подготовка
Чекор 1: Пилешките гради исечете ги тенко по должина и истенчете ги со чук.
Чекор 2: Тиквичките сечете ги тенко, 2-3 милиметри.
Чекор 3: Во сецко ставете ги оревите, белката, рузмаринот и пармезанот. Убаво сомелете ги состојките.
Чекор 4: Со смесата премачкајте го секое парче, замотајте го во ролат, потоа замотајте го во тиквичка и редете ги на стапчињата за ражничи. Печете додека не се испече.
Чекор 5: За сосот ситно исецкајте едно чешне лук и измешајте го со неколку лажици мајонез.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: За уште посочни раженчиња, може најгоре секоја ролничка да ја обвтикате со тенко парче сланина.