На седми јули во 1550 година од Америка во Шпанија била доставена првата серија од нашите омилени чоколади.
Затоа овој датум е избран од Европската унија како неофицијалниот чоколаден празник. Првично, ова слатко задоволство било нарекувано храна на боговите и било поврзувано со божицата на женската плодност.
Во продолжение ве потсетуваме на сите здрави тајни, што ги крие оваа намирница.
Црното чоколадо неделно ве штити од срцев удар, а четвртина дневно го намалува крвниот притисок.
Црно чоколадо додека вежбате – флавонидите во него го држат вашиот крвен притисок понизок.
Додадете од црното чоколадо во диетата. Тоа дава чувство на заситеност.
Ако секојдневно јадете чоколадо за време на бременоста, ќе родите среќно дете.
Ангажираните мајки кои јадат чоколадо, полесно се борат со секојдневниот стрес.
Еден ред црно чоколадо дневно помага во спречување на појава на дијабетис.
Умереното конзумирање на чоколадо секој ден, значајно го намалува лачењето на хормонот на стрес.
Флавонидите од чоколадото штитат од сонце: повеќе чоколадо – помалку изгореници.
Доколку јадете или пиете чоколадо со висока содржина на флавонид, тоа ќе влијае вашиот мозок да работи побрзо и подобро.
Чоколадото го ублажува кашлањето исто како и сирупот, само без нусефект.
Имате проблеми со дијареа? Каснете барем коцка црно чоколадо.
Црното чоколадо содржи најмногу флавонид во оснос на било која друга храна. Тоа е совршено за одржување на здравјето и виталноста.
Прочитај повеќе: Колку чоколадо јадат Македонците?