Maкедонија на 71 место, по стапката на мир

Според извештајот на Институтот за економија и мир, забележлива е огромна разлика меѓу богатите европски земји и сиромашните на Блискиот исток и Африка.

Како и секогаш доаѓаме до заклучокот дека мирот во најголем дел зависи од богатството, а немирите од сиромаштијата. Во најновиот извештај сликата не е променета.

Глобалниот индекс на мирот ги класифицира земјите според 23 критериуми, меѓу кои, надворешните конфликти, тероризмот, убиствата, трошоците во областа на одбраната…

Која e најмирна земја во светот?

Листата ја предводи Исланд, по кој следуваат Данска и Австрија.

Каде владее најголем хаос?

На дното, на 162 место е Сирија, понатаму Ирак, Авганистан, Јужен Судан и Централноафриканската република.

Македонија

Богатите европски земји ги завземаат првите 20 до 30 места како најмирни држави во светот.
Македонија се наоѓа на 71 место, а најлошите оценки се во категориите достапност до оружје и безбедносни сили и полиција.

- Реклама -