Предлог филм: Два дена, една ноќ (2014)

„Два дена, една ноќ“, или со оригинален наслов “Deux jours, une nuit” е француска драма која во центарот на приказната го обработува корпоративниот свет во кој што живееме денес.

two-days-one-night-french-poster

Имено, Сандра е млада мајка од која што финансиски зависи целото семејство. Заплетот започнува уште на самиот почеток кога и јавуваат дека вработените во нејзината компанија изгласале да ја отпуштат од работа, односно да ја жртвуваат во замена за бонус од 1.000 евра по човек.

Таа успева да изнуди уште едно гласање за два дена, а во меѓувреме има време да ги убеди колегите да ја променат одлуката.

1

Со оглед на тоа што е викенд, Сандра оди врата на врата кај секој од нив и бара уште еднаш да размислат…

Филмот одлично го отсликува работниот свет – неправдата, стресот, борбата, себичноста. Тој прави фантастичен приказ за вистинската природа на луѓето кога се парите во прашање, и тоа, фокусот е ставен на сума која не е ни премалку, не премногу, туку сосема доволно за да олесниме еден финансиски товар. „Два дена, една ноќ“ ќе ве поттикне да се запрашате како би реагирале на местото на Сандра, на местото на директорот, нејзините колеги…Каква одлука би донеле вие во една слична ситуација? Ако сте нејзините колеги дали ќе ја ислушате, ќе се откажете од бонусот, или ќе го барате својот дел по секоја цена?

54b93b88112a9.image

Уште подобар го прави филмот глумата на феноменалната Марион Котилард, која за истиот доби номинација за Оскар. Секој миг на изглумена надеж, победа, пораз, депресија, солзи и стрес ќе ве одведе во нејзиниот свет, каде што ќе посакате да ја утешите.

Еве го и трејлерот:

- Реклама -