Фичо ќе подготви ќофтиња во калапи за мафини, сервирани со бешамел сос.
Подготовка
Чекор 1: Лукчето и кромидчето ситно исечкајте ги.
Од сите состојки за ќофтиња замесете убава смеса и оставете ја да се одмори 5-10 минути за подобро да може да се работи.
Чекор 2: Наполнете ги калапите за мафини и печете на 220 степени 20 минути.
Чекор 3: Подгответе бешамел сос како што го прави Фичо во видеото и користете го како подлога.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Одберете мелено месо по желба, а ви препорачуваме да пробате со мисиркино.