Кој вели дека е тешко да ги разбереш жените

Специјално за машката публика, „сервираме топол десерт“, составен од 10 тајни состојки кои водат до вкусна и плодна врска.
Ако се прашувате што содржи рецептот за среќната врска и зошто не можете да ја постигнете, тогаш овој напис ќе ви биде од голема корист. Но, пред да го прочитате, еве и една мала тајна која многу мажи не ја знаат: Клучот за среќната врска се крие во среќната жена !

Еве како да  ја”создадеш” среќната жена:

1. Секој ден потсетувај ја колку е посебна  таа за тебе

Нема жена која нема потреба од внимание. Чувството дека е посебна и е важна за вас, е движечка сила во нејзиниот живот.

2. Признавање на нејзината интуиција и интелект

Многу господа кои се успешни во својата кариера, игнорираат или дури не гледаат какви знаења и интелект поседува жената крај нив. Она што таа не е успешна во нивната област, не значи дека не е успешна во многу други. Покрај тоа, нејзината длабока женска интуиција може да биде добар барометар за секој маж. Користете го овој ресурс и охрабрувајте ја да го развива!

3. Споделувај и слушај што вели таа

Нема дилема за тоа дека жените зборуваат многу повеќе отколку на што мажите сакаат да слушаат, но тоа не е секогаш толку лошо. Тоа што споделува значи дека е подготвена и да слуша. За неа комуникацијата е начин за поврзување и знак за прифаќање, затоа не го занемарувајте дијалогот.

4. Покажи и дека може да смета на тебе

Секоја жена ја носи во себе потребата да се чувствува безбедна и заштитена. Чувството за безбедност е водечка сила во нејзиниот избор за партнер и татко на нејзините деца. Нејзината природа е да биде најслабата, да биде чувана и заштитена, да чувствува дека некој се грижи за неа, за да може таа спокојно да се оддаде на грижата за децата, домот и семејството.

5. Кажете и „Благодарам“, затоа што е добра мајка

Нема поголемо признание за жената од тоа! Стремежот кон тоа да биде најдобра мајка за децата е толку силен што понекогаш може да ги намали сите други аспирации во нејзиниот живот. Ако сакате да ја подигнете нејзината доверба и мирот во таа насока, пофалете ги нејзините квалитети како мајка. Тука едно „Браво, се справуваш одлично!” прави чуда!

couples-3-love-17909710-500-347

6. Кажете и „Благодарам“ за сите активности во домот

Да, таа е онаа која почесто готви, чисти и ја уредува куќата, но тоа не значи дека е нејзина обврска. Предводена од стремежот да создаде пријатна атмосфера за своите најблиски, таа се грижи за сето ова. Ценете ги овие напори и кажете и „фала“. Заслужила.

7. Прашувајте ја дали има потреба од вашата помош секој ден

Да понудите помош значи да ја признаете нејзината нежност, женственост и слабост. „Имаш ли потреба од помош?”, „Како можам да ти помогнам?” се реченици кои жените во денешно време се поретко ги слушаат и тоа често ги тера да се однесуваат како „мажи“ и да прават се самите. Последователно тоа ги прави да се чувствуваат незадоволни, заморни и нерасположени за игри во креветот.

8. Кога се лути, кажете и дека ја сакате и е важна за вас

Зад бесрамната и лута жена многу често се крие една несигурна во личност која има потреба да чуе дека е сакана и вредна, кажете и го тоа.

9. Направете барем по едно нешто во денот, поради кое што таа ќе ви се заблагодари!

Ви се допаѓа чувството кога таа се насмевнува широко и ве бакнува? Зарем тоа не ја засилува вашата самодоверба како сопруг? Ако сакате да ја добивате секојдневно, сега го знаете рецептот.

10. Допирајте ја, гушкајте ја, бакнувајте ја…

Знаете дека повеќето жени кога се во прегратките на својот сакан маж доживуваат силна возбуда, радост и чувство на сигурност, а бакнежот е знакот на љубовта, од кој што имаме потреба секој ден.

Па, не звучи толку тешко и невозможно, нели? Патот до среќната жена е пат кој може да ве направи уште посигурни и силни , а среќната жена ќе го направи невозможното за да го усреќи мажот крај себе! Обидете се!

- Реклама -