Малкумина знаат, но една навидум невина печатна грешка може да го урне „Скајп“, пишува хратски „Индекс“.
Проблемот е во само во комбинација на осум знаци: http://: кои на примателот на пораки можат да му ја урнат целата програма и најчесто потоа е потребно нејзино повторно инсталирање.
Оваа грешка е откриена сосем случајно од еден корисник, кој своето искуство го обелодени на интернет, по што многу информативни блогови почнаа да пишуваат за овој проблем.
„Венчр бит“ пишува дека „Скајпот“ инсталиран на „Виндоус“ многу потешко го поднесува „ударот“ од овој проблем, отколку тој на „Мекинтош“. Испраќањето линкови што ја содржат спорната комбинација знаци на корисник на „Виндоус“, ќе му ја урне целата програма во толкава мерка што ќе мора поворно да ја инсталира.
На проблематичната порака што го урива „Скајп“ медиумите посветија повеќе внимание изминативе денови, откако е откриено дека специфичната порака со арапски знаци ги урива и СМС апликациите на „ајфон“.
По ова, во рок од 24 часа, „Епл“ пронајде привременo решение за проблематичната порака, додека извори во „Скајп“ велат дека знаат за овој проблем и дека работат на пронаоѓање решение.
Ако токму вие ја добиете пораката со проблематичната комбинација на знаци, барајте го тој што ви ја испратил да ја избрише, а потоа реинсталирајте ја целата програма.