Одвоите 10 минути и совладајте ги овие ментални трикови.
Прво и последно
Луѓето секогаш најдобро ги паметат првата и последната работа што се случуваат, а средината останува магловита. Кога закажувате разговор за работа, прашајте во кое време е закажан и обидете се да издејствувате да ве примат први или последни.
Ако работите во бар или во било која друга услужна дејност, ставете огледало зад грбот
Така муштериите кои ќе ви пријдат налутелно, ќе мораат да се погледнат, што значително ја намалува шансата дека ќе се однесуваат непристојно.
Кога продавате нешто, зборувајте само за тоа
Ова може да важи за продавачите, но може да се примени и во други случаи. На пример, ако работите во теретана и треба да продадете што повеќе членство, не си муабетите со луѓето, туку веднаш соопштете им ја цената.
Кога ќе го поставите вистинското прашање и ќе добиете делумен одговор, само почекајте
Ако останете тивки и задржите контакт со очите, тие самите ќе продолжат да зборуваат.
Жвакајте гума секој пат кога се ближи ситуација што ве прави нервозни
Кога жвакаме, нешто во нашиот мозок резонира: „ Не би жвакал/а ако сум во опасност. Затоа не сум во опасност“.
Луѓето нема да се сеќаваат на она што сте го кажале, туку како се чувствувале поради тоа
И уште нешто – голем број луѓе сакаат да зборуваат за себе, па поставете им доста лични прашања.
Кога ќе научите нешто ново, научете го тоа и пријателот
Дозволете да ви поставуваат прашања на темата. Ако некого можете да научите, тогаш е јасно дека добро сте ја совладале материјата.
Ако покажете дека сте навистина среќни и возбудени што гледате некои луѓе, тие ќе реагираат исто
Ова не се случува секогаш од прва.
Физичките реакции на стрес, се идентични со физичките реакции на храброст
Кога ќе почувствувате дека сте нервозни и под стрес, веднаш поставете ги нештата поинаку: вашето тело се подготвува да биде храбро. а не под стрес.
Обрнете внимание на човековите стапала
Доколку им пријдете на луѓето кои разговараат, и тие се свртени еден кон друг само со торзото, а не и стапалата, не сакаат да се приклучите во нивната конверзација.
Слична работа
Ако разговарате со колегите и мислите дека обрнуваат внимание на вас, торзото им е свртено кон вас, но не и стапалата, тие сигурно сакаат што поскоро да завршите со разговорот.
Вие сте она што мислите дека сте
Доколку доволно долго сте се претварале дека сте нешто, тоа и ќе станете со текот на времето.
Работна мрежа
Бидете им на луѓето извор на информации и допуштете и тие да бидат вашиот извор. Дури и заминувањето на кафе со поранешен колега, ќе ве информира за текот на нештата во поранешната компанија. Работните места во најголем дел се добиваат благодарение на контакти, а не на знаење.
Исправете се
Исправете ги грбот и главата, а рацете извадете ги од џебовите. Тоа не е клише – буквално ќе се почувствувате подобро, а луѓето повеќе ќе ви веруваат.
Избегнувајте ги зборовите „Мислам“ и „Верувам“
Овие фрази не влеваат доверба и никако нема да ви донесат ништо добро.
Кога сте нервозни…
…исчистете ги куќата или канцеларијата.
На разговор за работа, бидете интересни
Ако се фокусирате на тоа да дознаете нешто за нив, ќе делувате позаинтересирано и динамично.
Кога сите се смеат…
Кога некоја поголема група на луѓе се смеат, секој инстиктивно погледнува во личсноста која му е најблиска емоционално.
Ако сакате да стекнете нечија доверба
Кога сакате да се здобиете со нечија доверба, имитирајте ги неговите движења на телото и држењето. Ако ги прекрсти нозете, прекрстете ги и вие. Ако се наслони кон вас и вие наслонете се кон него. Истите движења делуваат врз потсвеста на другата страна.
Ефектот Бенџамин Френклин
Ова е драгоцено кога флертувате. Кога ќе го прашате другарчето да ви позајми молив, гума, или да ви помогне околу домашната задача, поизвесно е дека ќе му се допаднете, отколку ако тој го позајми истото од вас.