Колку се вистинити приказните кои родителите ни ги раскажувале во детството дека цревата ќе се залепат, доколку проголтаме гума за џвакање?
Веруваме дека барем еднаш ви се случило, ако не намерно, тогаш случајно. Но што се случило потоа? Дали се залепиле цревата, желудникот, дали ќе ви бидат потребни седум години организмот да ја свари и исфрли? Еве ја вистината.
Точно е дека гумите се состојат од смола, восок, маст и емулгатор кои не се сварливи, но вистината е дека човековиот желудник секојдневно прима одредена количина несварлива храна, па со самото тоа не е необично, ниту пак, опасно по живот.
Во моментот кога ќе ја проголтате мастиката, нејзините делови кои не можат да бидат сварени остануваат во телото, се додека желудникот не се избори со тоа, а после одредено време ги исфрли од организмот.
Меѓутоа, приказните за штетното влијание од проголтувањето на мастика се далеку од обичен мит. Имено, голем број проголтани мастики во ист момент можат да создадат проблеми со варењето, особено кај мали деца.
Ова нормално се случува многу ретко, но кога ќе се случи, тогаш е потребна итна интервенција од лекар.
Така што, следниот пат кога ќе проголтате мастика, немате потреба многу да се грижите, вашиот желудник ќе се избори со тоа. Сепак, зошто некој би го правел тоа намерно?