Седум факти кои звучат неверојатно, но всушност се вистинити

Овие седум факти докажуваат дека неверојатните работи, оние на кои тешко може да им се поверува, можат да бидат вистинити.

1. Малата држава Бангладеш има повеќе население од Русија. Бангладеш кој се протега на површина од 147,570 километри квадратни има популација од 156.6 милиони, додека Русија чија површина  е 17.075.400 километри квадратни има 143.5 милиои жители, пишува Бизнис Инсајдер.

2. Во 1958 година, авион на американската војска неспретно се разминал со големиот Боинг Б-47. Поради страв и невнимание, пилотот на авионот на американската војска во морето во близина на брегот на Џорџија, спушти нуклеарна хидрогенска бомба. Бомбата до сега не  е пронајдена.

3. Последната владетелка на античкиот Египет, Клеопатра, живеела поблиску до новото време од она кога се изградени пирамидите. Пирамидите се изградени меѓу 2550. и 2490. пред Христос, а Клеопатра живеела меѓу 69. и 30.години п.н.е. Еден од најпознатите американски франшизи, популарниот синџир ресторани Pizza Hut почна во 1958 година, што е многу поблиску до перидоот во кој живеела убавата Клеопатра од времето кога се изградени пирамидите.

4. Иако Финска и Северна Кореја се наоѓаат на сосема различни страни на земјината топка, всушност ги дели само една држава – Русија,

5. Во 1890. година хероинот бил претставен како лек за настинка, кашлање и температура, а забранет е дури во 1924 година.

6. Алјаска е најсеверна, најисточна и најзападна држава на САД. Поголемиот дел од нејзината површина се протега на западната хемисфера на Земјата, додека дел минува по антимеридијанот со што поминува и на источната хемисфера на Земјата.

7. Во Индија постои дрво кое зазема површина поголема од просечен шопингцентар. Големото „Banyan“ дрво се протега на 47.500 квадратни метри.

- Реклама -