Видео рецепт: Брза пита пица

Ирена oд „Мои рецепти“ денеска ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Брза пита пица.

Интересен комбиниран рецепт за пита пица, кој се подготвува брзо и многу лесно, дури и за почетници.

s

Подготовка

Чекор 1: Саламата исечкајте ја на коцки.

Изматете ги јајцата и додадете ги сите состојки – масло, кисело млеко, сол, брашно, прашак за пециво и саламата. Тестото истурете го во тавата за печење.

Чекор 2: Печурките исечкајте ги на тенки парчиња. Јајцата изматете ги со малку сол.

Врз тестото изрендајте го сирењето, ставете ги печурките и прелијте ги со јајцата. Ишарајте со кечап, посипете оригано и ставете неколку шери домати.

Чекор 3: Печете во загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Потоа извадете ја од тавата и сервирајте ја исечена на парчиња.

СОВЕТ: Ова е одлична идеја за вкусен појадок или ручек, кој нема да ви одземе многу време и енергија за подготовка, а добро ќе се најадете.

- Реклама -