Египјанки? Гркинки? Гејши? Кој најдобро умеел да се дотера?

Сајтот „BuzzFeed“ креираше интересно видео со историја на шминкањето. Започнувајќи во античка Грција, па се до последните промени кои се случиле во 60-те години на минатиот век, тимот на BuzzFeed на креативен и визуелен начин ги доловува промените на женското лице низ историјата.

Според нивниот опис, Египјанките биле премногу дотерани, Гркинките имале премногу густи веѓи, а во викторијанското доба во Велика Британија жените ги красел исклучително бел тен и силно нашминкани усни.

Трендовите во шминкањето биле проследени и со различни фризури, па така низ годинит варирала пуштена коса, благо собрана, завиена, натапирана…

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -