Безвременските цитати од најпознатиот роман на Булгаков

Неминливите зборови од романот на Михаил Булгаков, се исполнети со бескрајна мудрост, иронија, желба за живот преку вечната љубов.

Романот на Михаил Булгаков „Мајсторот и Маргарита“ е роман со многу димензии. Книга која може да се чита и препрочита десетици, стотици пати, или пак секој пат да ја разбирате и гледате на нов начин, со нов изглед и чувство.

За вас ги избравме најубавите цитати од безвременскиот роман.

1. Кој ви кажа дека нема на светот вистинска, искрена и вечна љубов? Да му се исуши јазикот поради лажни убедувања.

2. Ние зборуваме со тебе на различни јазици, како и секогаш, но работите за кои зборуваме, не се менуваат поради таа причина.

3. Несреќниот човек е суров. И сето тоа е само затоа што добрите луѓе го загрозуваат.

4. Човекот кој не се чуди внатре во себе, не е интересен.

5. Се ќе биде во ред, тоа го гради светот.

6. На Маргарита Николаевна не и се потребни пари. Маргарита Николаевна можеше да си купи се што ќе и се допадне. Меѓу познаниците на нејзиниот сопруг спаѓаат интересни луѓе. Маргарита Николаевна никогаш не се доближи до шпоретот. Маргарита Николаевна не ги познаваше ужасите на соживотот.

– Со еден збор … Таа била среќна?

– Ниту за минута!

7.  Разбирам дека јазикот може да ја скрие вистината, но очите – никогаш!

8. Да, човекот е смртен, но тоа не е најлошото. Лошо е што понекогаш тој е ненадејно смртен!

9. Вие судите според изгледот? Никогаш не го правете тоа. Можете да погрешите, при тоа доста стабилно.

m1

10. Оној кој сака треба да ја дели судбината на оној кој го сака.

11. Нема зли луѓе, има само несреќници.

12. Никогаш и ништо не барајте! Никогаш и ништо, особено од оние кои се посилни од вас. Самите ќе ви понудат и самите ќе ви дадат!

13. Сите теории се исти. Има меѓу нив и такви, според кои што секој ќе го добие своето.

14. Мојата драма е тоа што живеам со оној кого не го сакам, но да му расипувам животот го сметам за недостојно.

15. Малодушност – еден од најстрашните човекови пороци.

16. Никогаш и од ништо не се плашете. Тоа е неразумно.

17. Најстрашниот гнев е гневот од немоќ.

18. Што ќе прави твоето добро, ако злото не постоеше и како би изгледала земјата ако исчезнат сенките од неа?

 

- Реклама -