Последните два дена голема геомагнетна бура ја погоди нашата планета, предизвикувајќи прекрасни пејсажи на аурора, која беше забележана од најдалечните делови на светот.
Големата активност придонесе аурорите да се придвижат многу подолу на географските широчини.
Аматерски и професионални надгледувачи на ѕвезди се воодушевуваа на Аурора Бореалис и Аурора Аустралис над северната и јужната хемисфера, влкучувајќи ја Велика Британија, Германија и дел од Австралија и Нов Зеланд.
Еден експерт во Австралија го опиша настанот Аурора Аустралис како „најдобриот кој бил виден со години“.
Ова е мал дел фотографии од најразлични делови на планетата каде обично многу поретко се појавуваат аурори.