Бирмингем во Велика Британија го пронајде својот вистински супер херој. Едно анонимно 20-годишно момче, секоја вечер облекува костим Спајдермен, и купива и разнесува храна на локалните бездомници.
„Порано ја делев храната без никаков костим, и никој не ме забележуваше“, вели анонимниот суперхерој, кој открива дека работи како шанкер преку ден.
„Секога, кога ме гледаат облечен како Спајдрмен, ми приоѓаат заинтересирано и се распрашуваат за мојата цел. Се надевам дека на овој начин ќе ги инспирирам и нив да го прават истото“, додал тој.