Алекс Робсик е љубител на патувањата, природата и добрата фотографија. За време на неговата туристичка посета во Трансилванија, Романија, тој максимално го искористил своето време за да креира што е можно поуникатни слики, на кои се доловени природните убавини на овој регион.
Алекс станувал секој ден во пет часот наутро, и планинарел низ пустите предели, барајќи што подобра точка за совршен пејзаж.
Резултатот се бајковити, шарени фотографии, кои наликуваат на некој прекрасен мал свет.