Гледајќи го оддалеку новиот предводник на HTC One M9, тој наликува многу на минатогодишниот водич од компанијата.
Дизајнот е благо кажано сличен, а и двата телефони се направени од парче алуминиум. Зошто е тоа така, објаснува Клод Зелвегер, директор на дизајн во HTC.
Зелвегер даде ексклузивно интервју за The Verge , во кое објасни дека сличниот дизајн на предводникот на компанијата има за цел да стави белег на HTC. Идејата е да можете да познаете оддалеку дека телефонот што вашиот близок го држи во рацете, е од серијата One. Дури откако ќе се приближите, ќе можете да видите за кој One конкретно станува збор.
Беше објаснето уште и дека цврстината е од примарна важност за дизајнерите. Токму затоа сите телефони од серијата One се направени од парче метал – во случајот алуминиум.
Коментирајќи ја камерата и зошто овој пат таа се издвојува од задната страна на смартфонот, Зелвегер објаснува дека тоа се должи на компонентите на самата камера.
Компанијата сака да им го даде на носителите најдоброто, а за најдоброто се потребни повеќе и поголеми компоненти во објективот. Камерата исто така помага за поголема цврстина и отпорност на испуштање. Зелвегер сепак нагласува дека тоа не би требало да е проблем и според него, со оглед на тоа што ова решение дури придава софистицираност на дизајнот на уредот.
Погледнете го целото видео од The Verge. Што мислите вие за HTC One M9?