Видео рецепт: Посна пита со 3 фила

Посна пита со 3 фила од печурки, спанаќ, праз и ориз.

Има повеќе состојки, но ова е прекрасна комбинација на вкусови.

sostojki

Подготовка

Чекор 1: Оризот сварете го во размер 1:4. Измијте го со ладна ода и оставете го да се олади.

Чекор 2: Исечкајте го кромидот и печурките, а морковите изрендајте ги.

На масло пропржете ги кромидот со печурките, додадете ги и морковите, па динстајте додека не испари водата што ќе ја испуштат.

Чекор 3: Празот ситно исечкајте го и пропржете го.

Маргаринот и шеќерот во прав, пенасто изматете ги. Потоа изладената смеса и смесата со маргарин убаво соединете ги.

Чекор 4: Спанаќот измијте го, исечкајте го, и обарете го со врела вод. Потоа процедете го.

Чекор 5: Сварениот ориз поделете го на три дела. Првиот дел додадете го во печурките, вториот во празот и третиот дел во спанаќот, а потоа зачинете по вкус.

Филовите поделете ги на 4 дела.

Чекор 6: Измешајте го маслото со газирана вода.

Корите поделете ги на 4 дела.

Првите две кори премачкајте ги со мешавината од масло и вода.

Потоа ставете од филот со спанаќ. Премачкајте ја третата кора и ставете фил од печурки. Премачкајте ја четвртата кора и ставете од филот со праз. Направете ролат. Повторете со остатокот од корите и филовите, за да добиете 4 ролати. Редете ги во тавата подмачкана со масло.

Чекор 7: Премачкајте ги со масло и попрскајте ги со сусам или семиња по желба.

Печете на 200 степени 30 минути. Кога питата ќе се испече, оставете ја да се излади 15 минути, потоа сервирајте.

СОВЕТ: Доколку подготовката со 3 фила ви е премногу сложена, подгответе ја питата со само еден или два од филовите.

- Реклама -