Денеска ви претставуваме одлична колекција на филмови кои ќе остават неизбришлива трага во вашиот живот.
Откако ќе ги изгледате сигурно ќе се почувствувате тивок ентузијазам и вклучување во општиот универзален дизајн и дијалог.
И најдобро од сè е тоа што со гледањето на овие филмови повторно и повторно, секој пат, можете да најдете задоволство. Да забележите детали кои не сте ги увиделе на прв поглед и да обезбедите нов подтекст.
Waking Life
Овaa филозофскa приказна е исполнета со вечни прашања и неочекувани одговори. Таа на секој чекор создава нови загатки. Филмот пулсира со различни мисли, а во микс со визуелизацијата и внимателното следење го претвора времето во хаотична маса. Гледајте го со целосен фокус, ќе ви треба.
Cloud Atlas
„Облакот Атлас” докажува дека сите граници се релативни. Ние со векови ги имаме истите дилеми, заглавени во сопствените грешки и неуспеси. Правејќи избор меѓу слободата и ропството, ние мораме да размислиме за последиците. Со менувањето на една работа, ние се менуваме повеќе. „Се е меѓусебно поврзано.”
Fight club
Со Бред Пит (Brad Pitt) и Едвард Нортон (Edward Norton) ќе гледате филм кој се труди да ве збуни на секој чекор, а ќе направите одличен избор. Повеќе од одличен.
Donnie Darko
Филмот е сконцентриран на важни филозофски прашања – идејата за манифестирање на судбината и можноста за промена, идејата на саможртва за доброто на другите, идејата дека ништо не се случува случајно. Значењето на времето во филмот е толку големо, што за момент можеби ќе почувствувате вртоглавица.
Magnolia
Понекогаш е потребно да дојдеме до работ, за да започнеме да работиме на подобрување на нештата. Можеби овој филм е најважен за нас и нашите одлуки.
Cube
И покрај специфичноста на жанрот, „Коцка” поттикнува размислување за многу нешта. Дали е важно кои сме, во моментот кога сите сме исти.
Birdman
Прочитај повеќе: Човекот птица
Pans Labyrinth
Прочитај повеќе: Предлог филм – Лавиринтот на Пaн
12 Monkeys
Микс од теми за лудилото, апокалипсата, љубовта и драмата на животот.
Matrix
И секако тука е школскиот пример за филм кој поттикнува размисли и говори за бројни аспекти oд животот. Доколку го немате гледано првиот дел, направете го тоа уште вечерва.
Доколку имате и вие некој предлог, допишете го во коментар.
Прочитај повеќе: Филмовите кои ќе ве возат лудо