Најстариот маж во Австралија плете џемпери за повредените пингвини

Колку време е потребно за да совладаш целосно еден занает? 80 години звучи прифатливо.

Особено на позадината на фактот дека 109-годишниот Австралиец, Алфред Дејт се занимава со плетење од 30-тите години на минатиот век.

Неговиот најнов и најпознат потфат е да создава минијатурни џемпери за загрозените од исчезнување пингвини, по иницијатива на Фондацијата Phillip Island Penguin .

l

Со ова се занимава веќе две години. Зошто токму џемпери? Целата работа е во тоа што облекла им помага на тнр. „Мали пингвини” (Eudyptula minor), кои се среќаваат само во Австралија и Нов Зеланд, да се изборат со локалните нафтени дамки.

Џемперите ги попречуваат токсините да навлезат во телото на животните или да ги загадат нивните пердуви. Во 2001 година 438 пингвини биле погодени од нафтени наливи во месноста. Благодарение на исплетените џемпери 96 проценти од нив биле рехабилитирани во клиниката. Самоукиот Дејт почнува да се занимава со плетење, откако одлучил да сплете облека за својот внук. Денес тој има 7 деца и 20 внуци и „горе долу ист број” правнуци.

aus

aus2

Алфи го помни тонењето на Титаник во 1912 година и објавувањето на Првата светска војна. А каква е неговата тајна за долговечноста?

„Да се будам секое утро”, вели тој шеговито.

Во моментов Фондацијата Phillip Island Penguin располага со бројни џемпери, донирани од великодушни луѓе од целиот свет. Во оваа фаза нема потреба од уште.

- Реклама -