Наместо предлог филм, денеска ви предлагаме неколку романтични филмски остварувања, за љубителите на овој жанр.
Dirty Dancing
„Јас? Јас се плашам од се. Се плашам од она што сум го видела, се плашам од она што сум го направила и тоа која сум, а најмногу се плашам дека ќе излезам од оваа просторија, и повеќе никогаш, до крајот на животот нема да го чувствувам она што го чувствувам кога сум со тебе“.
Match point
„Мораш да научиш да ја турнеш вината под килим и да продолжиш понатаму, инаку ќе те преплави“.
P.S. I Love You
„Драга Холи, имам чувство дека ова е моето последно писмо, бидејќи треба да ти кажам само една работа. Ти си смислата на мојот живот, но јас сум само поглавје во тоа. Не се плаши да се заљубиш повторно“.
Gone with the Wind
„ Тебе треба да те бакнуваат и тоа често. И тоа треба да го прави некој, кој што знае што прави“.
Revolutionary Road
„ Ако да се биде луд значи да живееш живот кој има смисла, тогаш не се грижам и ако сосема полудам“.
Vanilla Sky
„ Секоја минута која минала е нова шанса да започнеш од почеток“.
Cold Mountain
„Она што го изгубивме никогаш нема да ни се врати. Земјата нема да се излечи – има премногу крв. Се што можеме да направиме е да научиме да се помириме со тоа“.
Meet Joe Black
„ Земи љубов, помножи ја со вечност и пренеси ја во длабочините на бескрајот…и ќе имаш мал увид во она што јас го чувствувам за тебе“.
The Great Gatsby
„ Знаеше дека по бакнежот со таа девојка, ќе одбие да бакне друга и дека тој бакнеж ќе се вреже вечно во неговата совест. Затоа застана, само на момент зема здив, малку подолго пред да ги спои усните со нејзините. Потоа ја бакна. Кога неговите усни ја допреа, спојувањето беше величествено, и тој и се предаде“.
Amelie
„ Кога прст ќе посочи кон рајот, глупакот гледа прст.
Love Actually
„ Знаеш како можеш да знаеш дали си заљубен? Кога лежиш во креветот и не можеш да заспиеш бидејќи стварноста е подобра од соништата“.
The Notebook
„Најдобриот вид на љубов е онаа која ја буди душата и не тера да бараме повеќе, пали оган во срцето, а на умот му пружа мир. Тоа ми го даде, а се надевам дека ќе ти пружам и јас, засекогаш“.
Best of Me
„ Не го слушај мојот совет. Не слушај нечии совети. Верувај во себе. Во добро и зло, среќа и несреќа. Тоа е твојот живот и се што правиш од него зависи исклучиво од тебе“.
Before Sunrise
„ Дали знаеш што сакам? – Што? – Да бидам сакана. – Па, тоа можам да го направам“.
The Illusionist
„Зошто го правиш ова? – За да бидам со неа“.