Паметно биро ве поттикнува да се раздвижите

Ако работите во канцеларија, веројатно сте слушнале колку е важно да се движите во текот на денот.

Заседувањето на едно место – без разлика дали стоите или седите – може да биде штетно за вашето здравје. Затоа Stir Kinetic Desk  потсетува дека е време да се размрдате со едно едноставно движење. Кога ќе процените дека сте останале статични предолго, бирото ја менува својата позиција и деликатно, но упорно ве поттикнува да станете.

stir3 stir4

 

Бирото има екран чувстителен на допир, на кој може да ги поставите вашите преференции и податоци за физичката активност, врз основа на кои што тоа последователно реагира. Колку повеќе ја користите Stir Kinetic Desk, толку повеќе информации истото добива за вас. Како резултат ве потсетува да се движите кога смета дека е најверојатно да се случи тоа, а вие не го правите. Бирото набљудува различни физички индикатори и ги праќа податоците на вашиот смартфон.

Креаторите на бирото поставија цена од 2990 долари за овој паметен мебел.

stir2

- Реклама -