Пресметајте колку време од животот сте изгубиле на Фејсбук

На 4 февруари 2015 година, социјалната мрежа Фејсбук полни 11 години. Повеќе од 1,1 милијарди луѓе во светот го користат секојдневно. Тие остануваат во контакт со своите пријатели и познаници, споделуваат интересни статии, објавуваат слики, играат игри … и како целина губат доста време.

Ако имате Фејсбук профил и барем неколку години сте активни на него, понекогаш сигурно сте си го поставиле прашањето –  колку часа сте потрошиле на социјалната мрежа.

Всушност, постои начин да пресметате, благодарение на американското списание Time, кое што има посебен калкулатор за целта.

Кликнете на линкот, притиснете го синото копче Next на средината и подгответе се да почекате малку, бидејќи процесот трае неколку минути.

На крајот, конечно ќе имате претстава колку многу други работи би можеле да  направите, доколку немате Фејсбук.

 

- Реклама -