Видео рецепт: Пилешки ролнички со зеленчук во бешамел

Ролнички од пилешки стек, со карфиол и брокула, прелиени со бешамел сос. Сето ова спакувано во форма на мафини, за декоративен и вкусен оброк.

sostojki

Подготовка

Чекор 1: Карфиолот и брокулата обарете ги во солена вода исцепкани на покрупни цветови.

Белото месо исечете го на шницли и исчукајте го со чук за месо.

Од месото завиткајте ролнички и прикачете ги со чепкалка. Направете смеса од зачини (сув лук, мешан сув зачин и црвен пипер) и валкајте ги од рамната страна. Пржете ги на масло од сите страни додека да заруменат.

Чекор 2: Во меѓувреме подгответе го бешамелот. Путерот ставете го во сад и кога ќе се загрее додадете го брашното. Пропржете го брашното и додадете го топлото млеко. Топло млеко додаваме за да не се направат грутки. Мешајте убаво додека не добиете густа смеса и додадете го пармезанот.

Чекор 3: Во калапот за мафини наредете ги ролничките. На секоја ролничка ставете кругче од свинскиот врат, покријте со цвет од карфиол или брокула и прелејте со бешамелот. Печете во загреана рерна на 220 степени 15 минути, или додека да фати коричка бешамелот. На кратко извадете ги, врз секое ставете нарендан кашкавал и вратете во рерна додека да се стопи кашкавалот (1 минута). Држете ги на топло до служење.

Чекор 4: Наросете со црвен пипер на секое парче. Сервирајте ги со гарнир по желба.

СОВЕТ: Ние ги направивме во калап за мафини, но ако ви се брза, може да ги подготвите во една тава.

- Реклама -