Директно од советникот на Cosmopolitan, ви ги пренесуваме 18-те причини кои ќе ви покажат дека сте со вистинскиот. Имено, доколку ги пронајдете овие особини кај вашиот партнер, треба да знаете дека тој е оној кој треба да го задржите:
1. Се фали со вас и се гордее со вашите дела и успеси.
2. Постојано прави ситни (или посериозни) жртви за вас.
3. Ги цени истите вредности како вашите.
4. Дури и после години заедно, тој се уште прави „мали нешта“ за вас.
5. Не се обидува да ве смени.
6. Кога размислуваш за венчавка со него, најдобриот дел не е свадбата, туку идеата дека ќе ги поминете животите заедно.
7. Сте „преживеале“ и неколку месеци одвоени, на различни краеви од светот.
8. „Ми недостигаш“ не е само сладок збор, туку реалност.
9. Не сакаш да имаш цимерка и си ја сакаш својата приватност, но ти се допаѓа помислата да живееш со него.
10. Кога имаш некоја интересна случка, тој е првиот со кој сакаш да ја споделиш.
11. Се чувствуваш сигурно кога правиш заеднички планови за наредните шест месеци, година или повеќе.
12. Можеш да заплачеш пред него без да се чувствуваш засрамено.
13. Кога пријателките се жалат за постапките на нивните момчиња, ти си потивка, бидејќи немаш што многу да додадеш.
14. Се обидува да им се допадне на твоите родители, и те има запознаено со неговите.
15. Се грижи за твоите пријатели.
16. Дозволува да се извикаш кога си лута.
17. Се уште ти кажува дека изгледаш убаво.
18. Можете да патувате и одите на заеднички одмори, без да се расправате постојано.